fbpx

Трагедија: Познатиот македонски манекен почина на 27 години

Последната ревија ја имал ви јуни на настан на Британската амбасада

Почина Филип Алексовски, член на „Моделс Ин“, а веста за неговата смрт ја потврди и Алек Наумовски, првиот човек на македонската модна агенција.

Филип на први октомври ќе наполнеше 28 години. Роден е во Скопје, а со манекенство почнал да се занимава во 2008 година. Беше често ангажиран поради специфичниот изглед со кој им пркосеше на стереотипите во модната индустрија.

„Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на „Моделс Ин“ повеќе од 10 години“. вели Алек Наумовски за порталот „Stylist.mk“.

Следни Објави

Д-р Жаклина Шопова: Еве зошто треба Филипче да замине!

Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното: 1.Велите: пандемијата трае, болниците се преполни.. ЗОШТО!? Заради Венко и неговата/вашата неспособност за менаџирање. 2.1112 пациенти со тешка кл.слика се лекуваат, 30 пациенти се на респиратор (само не кажувате на кои респиротори тие што […]