fbpx

Беше пример за добар човек: Почина омилениот Стефче

Почина познатиот уметник Стефан Георгиевски, долгогодишен соработник и пријател на Музеј на современата уметност Скопје.

Неговите колеги велат дека бил вреден и посветен конзерватор кој се грижеше за колекцијата на Музејот во периодот од 1981-2016 година.

„Почивај во мир драг колега, ти благодариме за се’ што научивме од тебе!“, напишаа тие на „Фејсбук“.

Под објавата има повеќе коментари со емотивни посвети за омилениот професор, како што го нарекуваат.

„Ме погоди вестта за заминувањето на нашиот Стефан Георгиевски-Стефче. Не можам да ја заборавам неговата трпеливост, педантност и посветеност кога соработувавме на уредувањето на мојата монографија за манастирот Ореоец. Секогаш го споменував за пример на добар човек“, напиша Мирјана М. Машниќ.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Боже, што направив: Исповед на антиваксерка чија ќерка почина на четири години

Четиригодишно девојче почина од последици на Ковид-19, а вирусот ѝ го пренеле родителите кои биле познати поддржувачи на антиваксерското лоби Малата Кајли Кук починала во сон, во својот дом, само пет часа откако ги почувствувала првите симптоми на болеста (температура и треска), тврди нејзината мајка Кејра Харвуд. „Кајли беше совршено […]