fbpx

Борба со рак, битка за животот на синот: Данела Арсовска проговори за семејната драма

Научив да се борам и научив дека се’ е можно ако никогаш не се откажете, вели Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од најголемата опозициска партија.

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија за „Женски магазин“ си ја отвори душата и проговори за нејзиниот најголем предизвик – борбата со ракот и здравјето на нејзиниот син.

„Да, тоа беа многу тешки години за мене и моето семејство. Борбата со тешка болест, а едновремено борбата која ја имавме за животот на нашиот син. Ништо не ме формираше повеќе како личност како тој период. Велат дека секоја битка нè прави посилни. Пораснав не само како мајка, туку и како личност. Во тие моменти еден збор не е дозволен – откажување. Мора да размислувате прецизно и да се надминат емоциите за да се донесат одлуки кои значат живот. По се’ што помина, емоциите се дозволени и тие се присутни постојано. Борба за својот живот и за животот на своето дете во еден момент се премногу голем товар, но сега велам ако не изгубив во таа борба, нема никогаш да изгубам“, раскажува таа за „Женски магазин“.

Следни Објави

Беше пример за добар човек: Почина омилениот Стефче

Почина познатиот уметник Стефан Георгиевски, долгогодишен соработник и пријател на Музеј на современата уметност Скопје. Неговите колеги велат дека бил вреден и посветен конзерватор кој се грижеше за колекцијата на Музејот во периодот од 1981-2016 година. „Почивај во мир драг колега, ти благодариме за се’ што научивме од тебе!“, напишаа […]