fbpx

Боже, што направив: Исповед на антиваксерка чија ќерка почина на четири години

Четиригодишно девојче почина од последици на Ковид-19, а вирусот ѝ го пренеле родителите кои биле познати поддржувачи на антиваксерското лоби

Малата Кајли Кук починала во сон, во својот дом, само пет часа откако ги почувствувала првите симптоми на болеста (температура и треска), тврди нејзината мајка Кејра Харвуд.

„Кајли беше совршено добра, а потоа исчезна. Тој вирус ја однесе толку брзо“, изјавила таа за „Хјустон Кроникл“.

Мајката скршена од болка објаснила дека таа и сопругот биле позитивни на корона, па морале да бидат во карантин.

„Се обидов да бидам подалеку од моето чедо и не сакав нејзе и на моите други деца да им го пренесам вирусот“, раскажала Кејра која има и постар син, но и петмесечна ќерка кои исто така се позитивни.

Сега жали што се противела на имунизацијата која во Тексас е на ниско ниво.

„Бев една од тие луѓе кои се бореа протв тоа. Бев против вакцините. Сега би сакала никогаш да не се чувствував така. Боже, што направив“, искрено порачала таа.

Во нејзината исповед нагласила дека нејзината ќерка не била просечно девојче. Обожавала риболов и да игра со црви и со жаби, наместо со кукли.

Кајли е првото дете кое почина од Ковид-19 во округот Галвестон за време на пандемијата. Таму досега се потврдени 50.000 случаи, а починаа повеќе од 470 луѓе.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Многу ми е тешко, разберете ме: Тага во домот на Наташа Беквалац

Познатата пејачка видно потресена се огласи по загубата Почина легендарниот телевизиски водител Миња Субота, човекот кој во својата емисија „Музички топоган“ ја прослави Наташа Беквалац. Таа во повеќе наврати изјави дека ќе му биде вечно благодарна, па очекувано неговата смрт многу ја погоди. „Многу ми е тешко, разберете ме“, им […]