fbpx

Наместо свадба, погреб: Почина 26-годишно момче

Нова трагедија го потресе регионот

Од последици на Ковид-19 денеска во Клиничкиот центар во Црна Гора починал пациент од Улцињ кој имал само 26 години.

Како што наведува порталот „Бар“, несреќното момче починало на денот кога му била закажана сопствената свадба.

Од Институтот за јавно здавје на Црна Гора апелираат младата популација да се вакцинира.

„Се потврди дека делта сојот е немилосрден кон младите. Многу заболени се на возраст од 19 до 39 години“, изјавил д-р Игор Галиќ, директор на Институтот.

Од почетокот на пандемијата, во Црна Гора од Ковид-19 досега починале 1.822 луѓе.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Професор Трајковски: Еве зошто ќе бидеме први по смртност!

Кривата на вакцинираноста веќе започнува да се израмнува, што значи дека толку бил интересот за вакцинација. Вистинска штета, затоа што вакцинираните во септември би биле најдобро подготвени за есенскиот бран. Охрабрени од намалувањето на дневните броеви на новодијагностицирани, населението престанало да се вакцинира, а не знае дека летниот мини бран […]