fbpx

Естрадата на платен список кај Веља Невоља: Еве со кои ѕвезди го поврзуваат!

Со месеци најозборуван криминалец на овие простори е Вељко Беливук многу попознат како Веља Неваља.

Ѕверските убиства кои му се припишуваат досега беа карактеристични само за мексиканските нарко-картели и за исламските терористи, па јавноста сериозно се вознемири.

Српските медиуми почнаа секојдневно да копаат во минатото на Невоља, а неговото име го поврзуваа и со повеќе естрадни личности.

Познатите старлети Тијана Ајфон и Мими Оро наводно не се единствените „селебрити“ кои наводно биле на платен список кај Беливук и одработувале за него по потреба. Наводно и други ѕвезди пренесувале дрога и переле пари за неговата криминална банда.

Меѓу нив е и пејачката Ана Николиќ која ја поврзуваа со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.

Невоља го поврзуваа и со соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, со раперот Стефан Ѓуриќ Раста, но и со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.

Беливук и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не ми се верува: Заврши „Макфест“, победникот ги изненади сите

Фаворитите си заминаа со празни раце Александар Тодоровски е победник на 36-то издание на „Макфест“. Пејачот за кој јавноста не знае речиси ништо успеа да триумфира на штипскиот фестивал во конкуренција на повеќе звучни имиња, меѓу кои легендарните „Интервали“, Ѓоко Танески, „Ај Кју“ и Роберт Билбилов. „Не ми се верува. […]