fbpx

Нема ни 40 кила, тивко умира: Синот на Марина Туцаковиќ со ново обраќање

Жената е во екстремно лоша состојба. Се стопи, не личи на себе. Нема ни 40 килограми, вели д-р Предраг Савиќ за Марина Туцаковиќ која во вторникот беше итно хоспитализирана.

Покрај тешката малигна болест со која се бори со години, коронавирусот дополнително ѝ го влоши здравјето на дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот.

Во меѓувреме, повторно се огласи и нејзиниот син Милан Радуловиќ.

„Колку и да не сум конзервативен, во овие моменти ја сфаќаш вистината за она клише дека семејството е се’ во животот“, напиша тој на „Твитер“.

Туцаковиќ пред осум месеци проговори за ракот. Изјави дека стравува за својот живот, но дека не се предава.

„Многу ми е лошо, постојано лежам. Се плашам.. Тоа е нормално чувство. Мојата борба трае со години, не може да заврши преку ноќ. Постојано ми ја менуваат терапијата, мојот организам можеби повеќе не е доволно силен за сето тоа да го издржи. Ама, не се давам“, раскажа таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Спиј со ангелите: Трагедија во домот на популарната пејачка

Ненадејната смрт во семејството ја скрши Познатата пејачка Андреана Чекиќ сподели тажна вест со своите фанови. Со емотивна објава на „Инстаграм“ откри дека починал нејзиниот дедо со кого била многу поврзана. Сподели нивна заедничка фотографија под која напиша емотивна посвета. „Те сакам со сето срце и душа и знам дека […]