fbpx

Одби хемотерапија, но една жена го предомисли: Вака сега изгледа најголемиот заводник

Со децении важеше за срцекршач, беше препознатлив по заводничката насмевка

Американскиот актер Вал Килмер беше еден од најголемите холивудски заводници во 80-те и 90-те години на минатиот век. Сите го паметиме по филмските хитови Top Gun и Kiss Kiss Bang Bang, а на големото платно го глумеше и легендарниот фронтмен на „Дорс“, музичарот Џим Морисон.

Килмер денес има 61 година и не го гледаме толку често во холивудски проекти. Причината е болеста со која се бореше подолго време, рак на грло кој му беше дијагностициран во 2015 година.

Терапиите оставија видливи траги кај своевремено еден од најголемите заводници во филмската индустрија. Цели две години јавноста не знаеше што се случува со неговото здравје и дали воопшто ќе ја продолжи кариерата.

За болеста призна дури во едно интервју во 2017 година. 

– Почнав да искашлувам крв. Бев сигурен дека умирам – призна тогаш.

Иако верата која му ја пренеле неговите родители не дозволува лекување, тогашната девојка Шер успева да го убеди да почне со хемотерапија откако поради болеста нагло му отекле јазикот и лимфните жлеззди и поради тоа не можел ниту да зборува.

Во интервју кое неодамна го даде за Good Morning America преку видео повик, изјави дека се чувствува многу подобро и дека повторно ѝ се враќа на глумата.

Следни Објави

Нема ни 40 кила, тивко умира: Синот на Марина Туцаковиќ со ново обраќање

Жената е во екстремно лоша состојба. Се стопи, не личи на себе. Нема ни 40 килограми, вели д-р Предраг Савиќ за Марина Туцаковиќ која во вторникот беше итно хоспитализирана. Покрај тешката малигна болест со која се бори со години, коронавирусот дополнително ѝ го влоши здравјето на дамата која ги напиша […]