fbpx

Падна среде настап и почина: Момче го загуби животот на концерт во Мрчајевци

Момче на 21 година починало синоќа на пат до болницата во Чачак, откако му се слошило среде настап на манифестацијата „Купусијада“ во Мрчајевци.

Очевидци раскажуваат дека инструменталистот на „Културно уметничко друштво Кралево“ наеднаш се срушил на сцената. Итната помош пристигнала веднаш, но му немало спас.

Д-р Билјана Кочовиќ, портпаролката на здравствената установа која се обидела да го реанимира, на медиумите им изјавила дека момчето било доносено во болницата без витални параметри.

Како што пишува „РТС“, по оваа трагедија програмата на „Купусијада“ веднаш била прекината. Организаторите одлучиле истата да не продолжи ниту денеска.

Точната причина за смртта на уметникот ќе се знае по обдукцијата.

Фото: Рина

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресно: Најтажните зборови за Марина Туцаковиќ кои ќе ве расплачат

Почина Марина Туцаковиќ, дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот. „Точно е. Само што ми се јави татко ми. Мајка ми почина. Ви благодарам на сите кои секојдневно ни испраќавте добри мисли и кои безрезервно бевте со нас“, ја потврди нејзиниот син Милан Радуловиќ тажната вест. […]