fbpx

По смртта на синот, Марина една работа никогаш не сакаше да дознае за него

Марина Туцаковиќ, дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот, почина денеска на 67-годишна возраст.

Се’ до нејзината смрт најголема болка ѝ остана синот Милош кој трагично го загуби животот на први декември 2008 година.

Таа го затекна безживотното тело на своето чдо во семејната куќа во центарот на Белград и таа слика, како што самата призна подоцна, вечно ѝ остана врежана во сеќавањата. Туцаковиќ со години молчеше за семејната трагедија.

„Мајката никогаш не може да се помири кога ќе загуби дете. Можеби само со времето се навикнува да живее празно, но излекување нема. Само продолжува да живее и да работи, бидејќи мора, не престанувајќи да се прашува зошто баш нејзиното дете“, напиша таа пред неколку години во колумна за „Информер“.

Само еднаш собра сили и раскажа што се случило кобниот ден.

„Влегов во неговата соба и го затекнав она што го затекнав. Милош имаше 24 години. Секогаш се плашев нешто да не му се случи. Секогаш имате страв за луѓето што ги сакате. Но, интересно е што таа вечер толку многу се смеевме, навистина не можев да имам лошо претчувство.. И ете баш тогаш се случи“, изјави Туцаковиќ за сега веќе згаснатата македонска телевизија „1ТВ“.

Потресно: Најтажните зборови за Марина Туцаковиќ кои ќе ве расплачат

Во истото интервју кажа дека една работа никако не сакала да ја дознае за него, а тоа се резултатите од обдукцијата.

„Што ми значи тоа? Дали го издаде срцето, дали нешто земал.. Каква врска има тоа? Неважно е сега. Не ме интересира што медиумите пишуваат. Моите деца имаа се’, се грижев за нив, но ете друштвото ги повлече. Можеби мојата љубов била лоша. Можеби помалку да сум ги сакала, да сум го стегала срцето, да не сум им давала кога барале, можеби тоа немаше да се случи“, зборуваше Марина во таа прилика.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ќе ви го скрши срцето: Последната желба на Марина Туцаковиќ!

Марина Туцаковиќ која почина вчера на 67-годишна возраст ќе биде погребана дури откако нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута кој е позитивен на коронавирусот ќе излезе од изолација. Како што пишува српски „Курир“, церемонијата ќе се одржи за десетина дена за да можат најблиските да ја испратат на вечното почивалиште. Легендарната […]