fbpx

Насекаде крв, а јас оставена сама: Потресно сведоштво за починатиот Стефан (31)

Во саботата беа пријавени дури 41 починато лице како последица од коронавирусот, а меѓу нив и 31-годишен пациент со попреченост.

Во меѓувреме се огласи Виолета Василевска Илјовска со потресно сведоштво кое ја вознемири македонската јавност.

„Драги мои посебни пријатели. Сакам да ве известам дека нашиот ангел Стефан (31) замина во вечноста. За ова сега што го пишувам ме поттикна родител од Тетово кој бара придружба на децата со посебни потреби во текот на болничките лекувања. Јас оваа недела го видов пеколот. Бев како придружник на мојот ангел кој ја вадеше маската за кислород..На крај ја искорна иглата што му ја даваа инфузијата, насекаде прскаше крв, а јас оставена сама. Децата во тие случаи не се третирани како посебни, за да се помогне и на родителот и на детето. Останувате сами, а тоа срценце се бори за живот, за воздух.. Тоа е моето искуство од болницата „8 септември“, Инфективно одделение.. Нека почива во мир и светол пат кон вечноста“, раскажа Илјовска.

Од почетокот на пандемијата, во Македонија до вчера починаа 6.460 лица.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Славната актерка по тешката операција: Од оваа болест страдаат многу жени!

Ѕвездата на многу холивудски комедии, Ејми Шумер, проговори за ендрометриозата и неопходниот оперативен зафат со кој ѝ беа отстранети матката и слепото црево. Ендрометриоза е патолошка состојба при која ендометријалниот слој од ѕидот на матката е застапен и на други места во организмот на жената за кои тоа не е […]