fbpx

Славната актерка по тешката операција: Од оваа болест страдаат многу жени!

Ѕвездата на многу холивудски комедии, Ејми Шумер, проговори за ендрометриозата и неопходниот оперативен зафат со кој ѝ беа отстранети матката и слепото црево.

Ендрометриоза е патолошка состојба при која ендометријалниот слој од ѕидот на матката е застапен и на други места во организмот на жената за кои тоа не е вообичаено.

Славната актерка е една од многуте жени кои страдаат од ова заболување, а поради опасноста од дополнителни дијагнози кои би биле опасни по нејзиниот живот, таа мораше да легне под нож дури и по цена никогаш повеќе да не може да има деца.

„Лекарите ми открија дури триесет зафатени делови на телото кои ми беа отсранети. Освен матката, ми го отстранија и слепото црево. Имаше многу крв и се’ уште чувствувам болка“, им призна Ејми на своите милионски следбеници на „Инстаграм“.

Ова не е првпат актерката на која претходно ѝ беше дијагностицирана и аденомиоза, но и лајмска болест, да зборува отворено за своите интимни проблеми.

Ејми роди син во мај 2019 година. По само седум месеци од исклучително тешката бременост се одлучи и за вештачко оплодување. Со сопругот Крис Фишер посакуваа уште едно дете, но подоцна сфати дека овој потег е лош избор за неа.

Сепак, откри дека ќе замрзне јајце-клетки и дека дополнително ќе одлучи на „кој начин ќе му подарат на синот брат или сестра“. Медиумите веќе претпоставуваат дека таа и сопругот размислуваат за сурогат-мајка која сега им останува како единствена можност, пишува „УСА Тудеј“.

Фото: Профимедија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина сопругот на Том Форд: Се сакаа цели 35 години

Почина Ричард Бакли, познатиот моден новинар, уредник и сопруг на славниот моден дизајнер Том Форд. Бакли починал во нивниот дом во Лос Анџелес на 72-годишна возраст. Двојката помина заедно цели 35 години, а се венчаа во 2014 година. Бакли и Форд го имаат синот Александар Џон кој го добија во […]