fbpx

Знаеше дека заминува: Последната средба со Туцаковиќ пред да почине

Се бореше како лавица, секоја болка ја дочекуваше со крената глава. Вака славната Марина Туцаковиќ ја опишува нејзината најдобра другарка и кума, Мирјана Петровиќ.

Таа на новинарите им изјави дека по смртта на дамата која ги напиша стиховите на најголемите регионални хитови како да ѝ заминала половина душа. Вели дека Марина била најдобриот човек што го познавала.

„Се дружевме повеќе од 30 години. Нашиот однос беше посебен. Цело време откако ѝ беше дијагностициран ракот бев до неа, тоа беше мојата мисија. Беше загрижена, но постојано ведра. За неа сите беа добри, немаше лош збор за никого. Во вторникот ја однесов во болница и си се простивме. И двете знаевме дека тоа е нашата последна средба. Небесна љубов и средба помеѓу нас две. Пред еден месец отидовме до Палиќ, ме молеше да ја возам. Уживавме патувајќи, пеевме и се смеевме. И во тие моменти ја терав да пишува“, открива Мирјана.

По смртта на синот, Марина една работа никогаш не сакаше да дознае за него

Туцаковиќ која почина вчера на 67-годишна возраст најверојатно ќе биде погребана дури откако нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута кој е позитивен на коронавирусот ќе излезе од изолација.

Како што пишува српски „Курир“, церемонијата ќе се одржи за десетина дена за да можат најблиските да ја испратат на вечното почивалиште.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Насекаде крв, а јас оставена сама: Потресно сведоштво за починатиот Стефан (31)

Во саботата беа пријавени дури 41 починато лице како последица од коронавирусот, а меѓу нив и 31-годишен пациент со попреченост. Во меѓувреме се огласи Виолета Василевска Илјовска со потресно сведоштво кое ја вознемири македонската јавност. „Драги мои посебни пријатели. Сакам да ве известам дека нашиот ангел Стефан (31) замина во […]