fbpx

Имунолог Јанковиќ: Еве зошто сега и млади умираат од корона!

Д-р Срѓа Јанковиќ зборувајќи за битката со коронавирусот објасни која е причината што сѐ повеќе жрвти на Ковид-19 има и меѓу младите.

Тој појасни дека постои ризичен фактор на кој тие можат да бидат изложени, а за кој не се воопшто свесни.

Докажаниот имунолог вели дека во најголемиот број случаи смртноста на младите лица е поврзана со некои претходни заболувања кои веќе го нарушиле имунолошкиот систем на пациентот што е, како што вели тој, плодно тло за короната да се разгори во организмот.

Сепак, тоа не е исклучително правило, а тоа се потврдува и со зголемувањето на смртноста кај помладата популација.

– Не мора ништо да значи.  Лица кои имаат хронични заболувања секако се поизложени на ризик, но постои и онаа невидлива предиспозиција. Некој едноставно може да има таков генетски состав, таков организам кој има одредена слаба точка и додека истата не биде нападната, личноста да не знае ниту дека ја има. Тоа е оној феномен на Ахилова пета. Ние не го познаваме својот имунолошки систем и дали постои некоја послаба алка во истиот, но кај одредена група на луѓе сигурно дека ја има – објаснува д-р Јанковиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Преживеа сѐ, но не и короната: Денес си замина Сашо Арсов

Прерано згасна уште еден живот Денес ни замина Сашо Арсов-Каси! Незнајниот јунак за јавноста кој има спасено многу животи со својата посветена работа како еден од најдобрите стручњаци во контра диверзиона заштита (КДЗ). Екс ВОЛК, спортист, боксер, челичен човек и патриот што преживеа сѐ, освен Короната! Пробиштип и Македонија прерано […]