fbpx

Каква Јованка Броз: Оваа жена била најголемата љубов на Тито

Ако се суди по историските записи, третата сопруга на Тито, Херта Хас, во 1943 година за време на второто заседание на АВНОЈ, го фатила својот сакан како води љубов со партизанката Даворјанка Пауновиќ, курирка и секретарка на врховниот командант.

Двајцата биле жестоко критикувани поради кршењето на партизанските морални норми, односно поради одржување на сексуална врска, иако не биле во брак. Едни ќе бараат негово исклучување од партијата, додека други да биде строго опоменат.

Наводно, Даворјанка била единствената жена за која Тито изјавил дека не може без неа. Јавно зборувал дека е негова инспирација за многу животни дела и дека од милост почнал да ја вика Зденка, „по непресушниот извор на бистра и студена вода, кој најчесто го има под некој камен и кој со својот изглед го освежува човека“.

– Зденка беше непресушен извор на моите идеи и моите интелектуални, револуционерни и политички активности. Беше моја голема инспирација и телесно задоволство. Беше мој секојдневен ментален поттик до крајот на нејзиниот краток живот – изјавил Тито.

Меѓу нив се случила љубов на прв поглед. Тито бил постар речиси 30 години, но тоа не било пречка.

Зденка е родена во Пожаревац. Се запишала на Филозофски фактултет во Белград и станала еден од главните активисти на студентското движење. Кон крајот на 1945 година се разболела од туберкулоза. Била пратена на лекување во Русија, но терапијата била неуспешна и починала на 1 мај 1946 година.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Преживеа сѐ, но не и короната: Денес си замина Сашо Арсов

Прерано згасна уште еден живот Денес ни замина Сашо Арсов-Каси! Незнајниот јунак за јавноста кој има спасено многу животи со својата посветена работа како еден од најдобрите стручњаци во контра диверзиона заштита (КДЗ). Екс ВОЛК, спортист, боксер, челичен човек и патриот што преживеа сѐ, освен Короната! Пробиштип и Македонија прерано […]