fbpx

Почина сопругот на Том Форд: Се сакаа цели 35 години

Почина Ричард Бакли, познатиот моден новинар, уредник и сопруг на славниот моден дизајнер Том Форд.

Бакли починал во нивниот дом во Лос Анџелес на 72-годишна возраст. Двојката помина заедно цели 35 години, а се венчаа во 2014 година.

Бакли и Форд го имаат синот Александар Џон кој го добија во 2012 година со помош на сурогат-мајка. Се запознаа уште во 1986 година на една модна ревија во Њујорк, а се заколнаа на вечна љубов откако САД ги легализираше истополовите бракови.

Во модниот свет Бакли беше препознатлив по неверојатната способност да воочи трендови кои ќе бидат важни и големи, а прв препозна и неколку талентирани дизајнери, музичари и актери, непосредно пред да станат ѕвезди.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Многу боли, брат: Најдобриот другар на Далибор со потресна посвета

Се’ уште не стивнуваат реакциите по смртта на младиот фудбалер Далибор Ј. Шеснаесетгодишното момче почина за време на натпревар кој се играше на Ада Циганлија пред очите на татка си и на помладиот брат. Далибор се сруши на теренот, а причината за трагедијата е мозочен удар. Трагедијата се случи на […]