Почина актерот Вили Гарсон кој се прослави во култната американска серија „Сексот и градот“.
Причината за смртта се’ уште не е потврдена, но омилениот Стенфорд наводно со години се борел со рак.
Тажната вест ја потврдија и од HBO, стриминг сервисот кој подготвува десет нови епизоди од шоуто во кои беше вклучен и Гарсон.
„Како на екранот, така и позади камерите, беше верен пријател и светла точка за секој од нас. Тој го креираше еден од омилените ликови во серијата и беше дел од нашето семејство речиси 25 години. Неверојатно сме тажни поради неговата смрт и изразуваме сочуство до неговата фамилија и блиските пријатели“, изјави портпаролот на HBO за „Њујорк пост“.
Гарсон во серијата го играше геј-пријателот на Кери Бредшо. Интересно е што во приватниот живот беше стрејт и ги сакаше жените, иако никогаш јавно не зборуваше за тоа. Во една прилика нагласи дека не сака да ја потенцира својата сексуалност, сметајќи дека тоа може да биде навредливо за хомосексуалците.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи и неговиот син.
„Многу те сакам, тато. Почивај во мир и многу ми е мило што со мене ги сподели сите свои авантури и што постигна толку многу во животот. Горд сум на тебе. Секогаш ќе те сакам. Беше најсилната, најсмешната и најпаметната личност што ја познавам. Фала ти што со мене ја сподели својата љубов. Никогаш нема да те заборавам“, напиша Нејтан на „Инстаграм“.
Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб
* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“