fbpx

Потресно сведоштво на Наде Јовчевска: Мојот сопруг почина на 39, а беше комплетно здрав

Мојот сопруг, Здравко Јовчевски, го загуби животот прерано, на само 39 години, на 7 април 2021 година во болницата „8 септември“, на ковид интензивна нега одделение. Зад себе остави сопруга и две малолетни деца. И многу прашања за кои се’ уште јас како сопруга, со месеци, чекам одговори кои никако да ги добијам од официјалните институции, и покрај регуларно доставените барања. Вака ја започнува својата исповед Наде Јовчевска која интегрално ја пренесе порталот Expres.mk

Здравко е еден од речиси 7.000 македонски граѓани кои починаа од компликации на Ковид-19.

„За жал, мојот сопруг не дочека вакцина. На 20 март 2021 година започна борбата на нашето семејство со Ковид 19. Следејки ги сите насоки од матичната докторка, мојот сопруг пиеше комплетна витаминска терапија и ивермектин уште од појавата на првиот позитивен тест кај синот. Но и тој на 23 март доби позитивен тест. По првата крвна слика, која беше стабилна, меѓу останатото му беше даден и антибиотик Pancef на CRP вредност од 4,6.

Патем, сопругот ниеднаш не беше прегледам од матичната докторка. Се прашувам дали матичната докторка му даде Pancef за да го заштити или себе да се заштити од можни компликации, кога веќе државата не ги заштити ни пациентите ни докторите со креирање на протокол за лекување од Ковид 19?

И додека луѓето од Македонија одеа во соседна Србија да се вакцинираат, ние веќе боледувавме. Задоцнивме две до три недели….а државата задоцни со вакцинацијата за илјадници починати и зацрнети семејства..

На своја иницијатива на 27 март кај приватен рендгенолог направивме и рендген снимка на белите дробови на сопругот која покажа наод на двете белодробни крила. Со снимката Здравко замина на контрола во ГОБ „8 Септември“ од каде се врати со насмевка дека докторите го смириле дека „не е ништо страшно, и скоро сите имаат ваков наод“, но со додадена терапија Sumamed двојна доза за 6 дена и продолжување со Pancef, и додадени кортикостероиди Декортин, без воопшто да се направи крвна слика.

Антибиотиците, и тоа два од кои еден во двојна доза се недозволиви за лекување на вирусна инфекција, тоа го знаат и студентите на I година во средното медициско училиште, а не пак ние кои маката не’ натера на секакви проучувања.

Дента на 30 март 2021 по измерена сатурација под 85 итно заминавме во ГОБ 8 септември каде веднаш беше ставен на кислородна поддршка и му беше земена крв за анализа и рендген на белите дробови.

Не сакам да зборувам што се видов во тријажното одделение тој ден во ГОБ 8 септември, од луѓе кои нема кој да ги упати каде да појдат за рентген снимка, до бабичка која три часа лежеше на болнички кревет во чекална и никој не и ја провери состојбата, дали спие или е нешто друго во прашање, до чекањето три и повеќе часови за резултати, до сестрата која го вртеше регулаторот за кислород на сопругот на ѓутуре.. и тогаш започна вистинската голгота.

Секој ден со часови упорно вртев во одделенијата каде што беше сместен сопругот со цел да добијам информација како е.

Едвај добивав линија.

Скоро секогаш одгвоорот беше дека е стабилен, освен кога докторка ми кажа дека ќе се симне на Интензивна нега поради мониторинг, затоа што имал цитокинска бура…..

Неколкупати прашував дали треба нешто да купам, да донесам некој лек кој можеби го немаат, им кажав дека и под дрво и камен ќе најдам се што треба, но ми велеа дека имаат се. Единствено што ми побараа беше озонотерапија која ја набавив и однесов во рок од еден час и му беше аплицирана.

Не знам зошто не му беше аплициран Tonzicilimb Actemra за кој подоцна дознав дека ја смирува цитокинската бура, која тој ја доживеал двапати.

Но подоцна најдов и порака кај него дека „апаратчето било заглавено, и “и овие овде не знаат што прават”. Не сакам да знам што тоа се може да значи и со каква апаратура располагале, тоа е работа на Државен санитарен и здравствен инпекторат.

Мојот сопруг го добив на телефон последен пат на 03.04.2021 година. Дента претходно и тој ден рече дека е добар и дека примил и крвна плазма и озонотерпаија и дека сите се надевале дека ќе биде се во најдобар ред.

Потоа го снема…

Подоцна добив повик дека е на респиратор поради влошена состојба и вода во белите дробови, за на крај, на 7 април во 19.40 да ми се јават дека ја изгубил битката со Ковид.

Мојот сопруг имаше 39 години, беше комплетно здрав и витален, без ниеден коморбидитет, без никакви здравствени проблеми и непушач.

По неговата смрт почнав да се распрашувам како е лекуван, што се’ му е давано, да истражувам какви се ковид протоколите на СЗО и во другите земји, кои протоколи се користат кај нас, и не најдов никаков унифициран ковид протокол за сите нивоа на здравствената заштита, ниту за матични лекари, ниту за секундарно, ни терцијално здравство, кои очигледно уште ги нема!“

Со што се’ се соочила оваа жена по смртта на сопругот, прочитајте на порталот Expres.mk

Следни Објави

Естрадата во солзи: Каков шок, каква тага!

Нова трагедија го потресе регионот На 57-годишна возраст почина познатиот глумец Ненад Ненадовиќ од последици на Ковид-19. Беше омилен лик меѓу колегите кои со потресни статуси на социјалните мрежи се простуваат од него. „Каков шок, каква тага. Занемев. Прекрасен Нешо“, напиша познатата актерка Маријана Мичиќ која македонската публика ја препознава […]