fbpx

Беа еден до друг, во добро и зло: Саша Матиќ скршен од болка

Марина Туцаковиќ одигра важна улога во кариерата на многу музички ѕвезди. Нејзините стихови беа дури и пресудни за кариерата на некои пејачи.

Еден од нив е и Саша Матиќ кој доби безрезервна поддршка од Туцаковиќ уште кога се појави на естрадата.

„Многу ми помогна. Ме натера да снимам неколку песни кои на почетокот не ги гледав како свои, а подоцна станаа големи хитови. Беше комплетен текстописец на моите први три албуми. Нема човек што не ја слушнал „Кад љубав закасни“. Веќе ми недостига, јас и таа некако посебно се сакавме. Бевме еден до друг, и во добро и во зло. Заедно преживувавме и подеми и падови“, искрено проговори Матиќ.

Познатиот пејач вели дека е скршен од болка, особено што за неполна година ги изгубил и Марина и нивниот заеднички пријател Џеј Рамадановски.

Фото: Промо

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трогателна посвета: Турунџиева за сопругот

Денешниот ден е особено тажен за познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева му посвети нов емотивен статус на сопругот, познат скопски угостител и татко на нејзината помлада ќерка Матеа кој почина пред пет години. „На еден татко на небото денес му е роденден. Нека е вечен споменот за сите […]