fbpx

Естрадата во солзи: Каков шок, каква тага!

Нова трагедија го потресе регионот

На 57-годишна возраст почина познатиот глумец Ненад Ненадовиќ од последици на Ковид-19.

Беше омилен лик меѓу колегите кои со потресни статуси на социјалните мрежи се простуваат од него.

„Каков шок, каква тага. Занемев. Прекрасен Нешо“, напиша познатата актерка Маријана Мичиќ која македонската публика ја препознава и како водителка на шоуто „Пинкови ѕвездички“.

Нејзината колешка Драгана Мичаловиќ јавно му се заблагодари за се’ што направил за фелата, но и за уметноста воопшто.

„Господ да ти подари мир“, напиша таа.

Колегите се едногласни дека си замина прекрасна душа, човек кој бил секогаш насмеан и со искрени намери.

Ненадовиќ позади себе остави сопруга и две ќерки, Јана и Мина кои исто така се занимаваат со уметност.

Фото: Телеграф

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Беа еден до друг, во добро и зло: Саша Матиќ скршен од болка

Марина Туцаковиќ одигра важна улога во кариерата на многу музички ѕвезди. Нејзините стихови беа дури и пресудни за кариерата на некои пејачи. Еден од нив е и Саша Матиќ кој доби безрезервна поддршка од Туцаковиќ уште кога се појави на естрадата. „Многу ми помогна. Ме натера да снимам неколку песни […]