fbpx

Трогателна посвета: Турунџиева за сопругот

Денешниот ден е особено тажен за познатата пејачка, водителка и писателка

Сузана Турунџиева му посвети нов емотивен статус на сопругот, познат скопски угостител и татко на нејзината помлада ќерка Матеа кој почина пред пет години.

„На еден татко на небото денес му е роденден. Нека е вечен споменот за сите прекрасни луѓе кои живеат во нашите спомени“, напиша таа на „Фејсбук“.

Турунџиева во 2016 година му посвети книга на починатиот сопруг во која, како што самата напиша, се сместени најсреќните и најтажните моменти од нивната долгогодишна љубовна приказна.

„Постојано ми велеше дека животот е долг, дека има време.. Животот бил пред нас, и да не се грижам за ништо кога те имам тебе.. Велеше: Ќе имаме многу време злато мое и за да пропатуваме и за да ги посетиме сите земји кои ти се омилени. Јас жестоко ти се спротивставував и се обидував да те опоменам, да те потсетам дека не е така и дека животот е безобразно краток, суров и непредвидлив.. Не успеав.. Не успеав да ја променам судбината, да ти помогнам, да ја спасам нашата љубов, да го премости и тој кобен 28-ми јули, кога без збогум и предупредување ми заспа засекогаш.. А што се не сме претргале заедно.. Милион бури и невремиња.. Затоа решив да пишувам сонце мое.. пишував за нас, за тебе.. Ред солзи, ред букви.. Напишав лектира за љубовта, ВИСТИНСКАТА.. Да им помогне да научат да љубат на сите кои не љубеле и не биле љубени бар еднаш во животот! Ти благодарам што ме научи што е љубов, и што беше најдобриот дел од мојот живот.. И засекогаш ќе бидеш! До нашата следна средба, НЕ ВЕЛИ ЗБОГУМ љубов моја“, напиша Сузе во посветата на книгата.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Татко му починал од корона: За својот 12-ти роденден имал само една желба!

На тој момент морал долго да чека Гевин Робертс, момче од Њу Џерси, се’ уште не може да се помири со смртта на неговиот татко кој лани во мај почина од коронавирус. Чарл Робертс бил 45-годишен полицаец за пример, како што многумина го опишуваат, а умрел пред да бидат создадени […]