fbpx

Татко му починал од корона: За својот 12-ти роденден имал само една желба!

На тој момент морал долго да чека

Гевин Робертс, момче од Њу Џерси, се’ уште не може да се помири со смртта на неговиот татко кој лани во мај почина од коронавирус.

Чарл Робертс бил 45-годишен полицаец за пример, како што многумина го опишуваат, а умрел пред да бидат создадени вакцините.

Семејството почувствувало на сопствена кожа што вистински значи оваа борба со невидлив непријател, па синот Гевин кој само што наполнил 12 години за роденден имал само една желба – да се имунизира.

Во Америка не можат да се вакцинираат деца под 12 години, па желбата во неделата конечно му се исполнила.

„Постојано го прашував што сака за роденден. Секогаш го добивав истиот одговор. На крај, тоа и го доби-вакцина против Ковид-19“, искрена е неговата мајка Елис за „Ен-Би-Си Њуз“.

Гевин присетувајќи се на татковата смрт, вели дека во тој момент се развивале три вакцини, но ниту една се’ уште не била официјално одобрена.

Неговата мајка и сестра му набрзо потоа се имунизирале, а семејството со својата тажна приказна сака да ги мотивира луѓето да се вакцинираат, бидејќи, како што велат, тоа е единствениот излез од оваа пандемија.

Фото: Принтскрин Јутјуб

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова се трите задавени деца: Кој е таткото монструм?

Четиригодишно дете и близнаци (момче и девојче) на возраст од седум години вчера беа задавени во стан во Загреб од нивниот татко. Како што пренесуваат хрватските медиуми, 56-годишниот Харлад Копиц потоа се обидел да се самоубие со таблети. Станува збор за австриски државјанин, угледен финансиски консултант кој живеел и работел […]