fbpx

Потресни сцени: Погреб на легендарната Марина Туцаковиќ

Бројни пријатели, колеги и роднини денеска се собраа на Новите гробишта во Белград каде ќе биде погребана Марина Туцаковиќ.

Членовите на семејството ја испочитуваа нејзината последна желба да биде погребана покрај нејзиниот син Милош кој почина пред 13 години.

Сандукот е покриен со црвени ружи, а на истиот стои емотивната порака од сопругот и синот.

„И кога саканите ќе исчезнат, љубовта нема. И смртта нема да владее“, напишаа тие.

Јелена Карлеуша, Оливер Мандиќ, Жељко Јоксимовиќ и Саша Матиќ се дел од ѕвездите кои денеска се појавија на вечното почивалиште на дамата која ги напиша стиховите за најголемите хитови во регионот.

Марина почина на 67-годишна возраст. Од 2018 година се бореше со карцином на дојка, а коронавирусот дополнително ѝ го влоши здравјето.

Фото: Република.рс/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Скандал на погребот на Марина Туцаковиќ: Присутните шокирани

На Новите гробишта во Белград денеска беше погребана Марина Туцаковиќ. Бројни пријатели, колеги и роднини се собраа на нејзиното вечно почивалиште, а српски „Курир“ пишува за наводен скандал на церемонијата. По погребот, нејзиниот син Милан Радуловиќ наводно им забранил на Цеца Ражњатовиќ, Саша Матиќ и на Милан Калиниќ да пријдат […]