fbpx

Се посрамоти: Глупав потег на Карлеуша на погребот на Марина Туцаковиќ

Освен општествено-политичките случувања, главна тема во регионот денеска беше погребот на легендарната Марина Туцаковиќ.

Семејството ја испочитува нејзината последна желба да биде погребана покрај нејзиниот син Милош кој почина пред 13 години.

Бројни пријатели, колеги и роднини денеска се собраа на Новите гробишта во Белград за последен пат да се простат од дамата којашто ги напиша стиховите за најголемите музички хитови на овие простори.

На церемонијата се случи и инцидент кога синот на Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, им забрани на Цеца Ражњатовиќ, Саша Матиќ и на Милан Калиниќ да пријдат до гробот.

За непристојно однесување на ваков тажен ден беше прозвана и Јелена Карлеуша, но не од семејството на Марина, туку од твитерџиите.

Тие ѝ забележаа што по погребот безобѕирно им позирала на медиумите како да е на црвен килим, а не на гробишта. Подоцна фотографиите и самата ги сподели на „Инстаграм“.

Фото: Србија Данас/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сведоштво на Ребека за прележаниот Ковид: Еве што најмногу ми помогна!

Другари и тоа бидна. Прележав Ковид. По петнаесет дена чувствувам само замор. По направени анализи, се е како што треба. Малите го донесоа. Претпоставуваме од училиште. А,можеби не!? Никој не може точно да знае. Иако никаде не бевме претходните денови. Тие така речи без симптоми. Еден ден со температура и […]