fbpx

Скандал на погребот на Марина Туцаковиќ: Присутните шокирани

На Новите гробишта во Белград денеска беше погребана Марина Туцаковиќ.

Бројни пријатели, колеги и роднини се собраа на нејзиното вечно почивалиште, а српски „Курир“ пишува за наводен скандал на церемонијата.

По погребот, нејзиниот син Милан Радуловиќ наводно им забранил на Цеца Ражњатовиќ, Саша Матиќ и на Милан Калиниќ да пријдат до гробот.

„Вие не се доближувајте, останатите можете“, наводно им рекол тој на српските ѕвезди, па присутните се шокирале од тоа што го слушнале.

Инаку, членовите на семејството ја испочитуваа нејзината последна желба да биде погребана покрај нејзиниот син Милош кој почина пред 13 години.

Сандукот беше покриен со црвени ружи, а на истиот стоеше емотивната порака од сопругот и синот.

Фото: Стефан Стојановиќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: На „Евровизија“ беше осми, почина од корона

Неверување и шок меѓу фановите на европското музичко натпреварување Почина Хаико, музичарот кој ја претставуваше Ерменија на „Евросонг“ во 2007 година. Пејачот имаше само 44 години, а медицинскиот извештај потврдил дека починал од последици на Ковид-19. На евровизискиот избор се натпреваруваше со темата Anytime You Need и заврши на високото […]