fbpx

Трагедија: На „Евровизија“ беше осми, почина од корона

Неверување и шок меѓу фановите на европското музичко натпреварување

Почина Хаико, музичарот кој ја претставуваше Ерменија на „Евросонг“ во 2007 година.

Пејачот имаше само 44 години, а медицинскиот извештај потврдил дека починал од последици на Ковид-19.

На евровизискиот избор се натпреваруваше со темата Anytime You Need и заврши на високото осмо место.

Пласманот меѓу најдобрите десет беше само еден од неговите бројни успеси во кариерата. Во својата земја двапати е прогласуван за најдобар изведувач на годината.

Од почетокот на пандемијата во Ерменија се заразија повеќе од 260.000 луѓе, а починаа 5.000.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тешко време дојде: Потресна порака на Лепа Брена за Иван Тасовац

Ненадејната смрт на поранешниот српски министер за култура и директор на Белградска филхармонија, Иван Тасовац, шокира многу негови пријатели и соработници, а тешко ја поднесе и Лепа Брена. Фолк-ѕвездата се прости од докажаниот композитор со потресна порака. „Тешко време дојде. Си одат најдобрите. Тешко е веќе да се бираат зборови. […]