fbpx

Сведоштво на Ребека за прележаниот Ковид: Еве што најмногу ми помогна!

Другари и тоа бидна. Прележав Ковид.

По петнаесет дена чувствувам само замор. По направени анализи, се е како што треба. Малите го донесоа. Претпоставуваме од училиште. А,можеби не!? Никој не може точно да знае. Иако никаде не бевме претходните денови. Тие така речи без симптоми. Еден ден со температура и толку. Го мислев големиот батко. Тој немаше симптоми. Невозможно беше да го тестираме. Да пикнеш стапче во нос на дете со аутистичен спектар е невозможна мисија.

Вакцинирана со две дози Синофарм, но од втората поминаа 13 дена и јас се заразив. Си одлежав 7 дена, а 5 беа тешки. Антибиотик не земав иако спомнаа двајца доктори. Мојов не. Ми даде Фавира од првиот ден, а јас скришно си земав и Ивермектин.

Од кашлање не можев да спијам, а со две мали деца дома и не морував многу како што ми препорачаа. Маркијан со тато беа во гарсоњерата на баба. Тато со Спутник без Симптоми,негативен. Спутник испадна одлична вакцина. Една баба болна со две вакцини фајзер од Мај. На три антибиотика и една тетка од 87 години без вакцина со мали симптоми ден до два. Збунувачки,нели?!

Пиев по 3 до 4 литри течности: вода (со лимон,џумбир и мед), сок од бозел (домашен), чај (кантарион, мајчина душичка, маточина и ловоров лист), супи од кокошка од мојата мамичка и манџички, кисело млеко, каши т.н.смутија со шумска боровница, капини, јагоди зам рзнати, јаболки, банани, хлорела, мед, мејпл сируп и овесни снегулки. МНОГУ МЕД И ПРОПОЛИС ОД АТИЏЕ И БОРОВ СИРУП ОД БЕРОВО, витамини и аспирини.

Не јадев месо и леб. Правев вежби со дишење, палев темјан и се смирував со молитви. Не бев во состојба да готвам и неузмерно и благодарам на мајка ми за сите пити, колачи, уштипци, манџи и др.изненадувања за моите мускетари.

Ковид-вакцини и стравот од неплодност: Марија Јаневска го има одговорот

Му благодарам на Господ Исус Христис, му благодарам на мојот Мики за целото трпение да одговори на сите мои прашања и и благодарам на баба Вера која првите 4 дена го чуваше Маркијан. Од се срце и благодарам на мојата драга Сања која за роденден ми подари една кеса со хомеопатски лекови и ме водеше, ми помогна секојдневно, секоја вечер со сите мои симптоми и потешкотии да се изборам полесно и без последици. Сањич те гушкам.

Благодарам на Др.Коста од инфективната клиника, благодарам на нашата кума Др.Лидија Забазновска, благодарам на мојот пријател Горан Саневски за идеата за чајот од ловоров лист и прибиотикот. Им благодарам за грижата на нашите пријатели и понудената помош. Им благодарам на Божин, Петра, Милијана и Бојан за изненадувањето на врата за роденденот на дечките кој не бевме во можност да го прославиме.

Слава на Бога за се.

Фејсбук статус на Ребека Јанковска Ристески, естраден уметник и хуманист

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Солзи ќе ви потечат: Се огласи Марија, сопругата на починатиот Иван

Се’ уште не стивнуваат реакциите по вчерашната ненадејна смрт на поранешниот српски министер за култура и директор на Белградска филхармонија, Иван Тасовац. Денеска конечно се огласи и неговата сопруга Марија Борота. Таа на „Фејсбук“ објави семејна фотографија која расплака многумина. На истата се заедно со нивниот син Лука кој го […]