fbpx

Сите сме ангели со едно крило: Родени меѓу 1950 и 1980, задолжително прочитајте!

Ако и ти припаѓаш на овие генерации, сподели го ова со пријателите за да им пренесат и на своите деца како растеле нивните родители!

Сите ние кои дојдовме на овој свет во 50-те, 60-те, 70-те и 80-те години на минатиот век се родивме нормални, иако нашите мајки пиеле аспирин кога ги болело глава, јаделе храна од конзерва, пушеле и работеле до последниот ден од бременоста и никогаш не биле тестирани на дијабетис..

Како деца се возевме во автомобили без сигурносни појаси и воздушни перничиња, не моравме да имаме кацига на глава кога возевме велосипед или ролери.. Пиевме вода од црево, а не флаширана. Од една чаша сите пиевме газирани сокови и никој не умре поради тоа..

Јадевме млечни сладоледи, бел леб и вистински путер, внесувавме многу шеќери, но никој не беше дебел затоа што постојано бевме надвор.. Излегувавме од дома наутро и по цел ден игравме криенка, полицајци и крадци, каубојци и индијанци и се’ друго што детската фантазија можеше да смисли.. Родителите често не можеа да не’ најдат со часови, па и нивната шлаканица беше дел од воспитувањето.. Се разбира, тоа не беше семејно насилство.

Ние немавме виртуелни пријатели. Нив не ги додававме, туку со време ги стекнувавме. Немавме проблем со концентрација во училиштето. Нам не ни даваа таблети против хиперактивност. Не ни се закануваа со школски психолог, не ни продаваа дрога пред школскиот двор. Немавме ниту плесјстејшн и нинтендо, ниту пак 99 канали на телевизорот, немавме мобилни, интернет.. Имавме пријатели и другарувавме со нив!

Паѓавме од дрва, знаевме да се исечеме на стакло, да скршиме заб, рака или нога, но нашите родители никогаш не одеа на суд поради тоа. Игравме со лак и стрела, градевме замоци од снег, фрлавме петарди за Нова година, читавме стрипови и сето тоа го преживевавме без последици.

Ако и ти припаѓаш на овие генерации, значи дека си растел како вистинско дете, пред адвокатите, државата и владејачките структури да почнат да одредуваат како треба да се живее!

Ако и ти припаѓаш на овие генерации, сподели го ова со пријателите за да им пренесат и на своите деца како растеле нивните родители!

Поздрав генерацијо и живели!

Илустрација: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Кога го видов Милан гол, како да го видов Господ: Едно кафе ѝ го промени животот

Во секое маало понекогаш сме сведоци на комични, непријатни, но возбудливи работи. Една неочекувана ситуација доживеала и оваа жена која во 2018 година раскажа што ѝ се случило. Таа проговори за своето искуство откако сменила адреса на живеење, за запознавањето на новиот сосед со кој на крај ѝ се „посреќило“. […]