fbpx

Не постои љубов како твојата: Елена Ристеска трогателно за татка си

Зборови кои навистина болат

Поп-ѕвездата и претприемачка Елена Ристеска со емотивна порака се потсети на својот татко кој прерано го напушти овој свет.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја не’ напушти на 29-ти. И секогаш мислев дека на денот на починувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден. „Полни“ се сите денови со празнина.

Ќе рече некој душите не не’ напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам. Не сакам да прифатам дека те нема, ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука.

Знам дека си горд на мене и дека се’ гледаш и се’ слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката, но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не и’ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго, а не музика.

Ама ветувам, пак ќе пеам како некогаш, ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат. Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам..

Не постои љубов како твојата ТАТО.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Татко си го уби синот (13) на спиење: Полицијата се шокира кога ја слушна причината

Семејна трагедија ги потресе сите Олег Драчев, 40-годишен маж од Москва на кој му бил дијагностициран рак на мозокот во терминална фаза, си го убил малолетниот син. Причината е бизарна. Сметал дека кога ќе умре, неговата жена нема да може самата да се грижи за нивното 13-годишно дете, пренесуваат руските […]