fbpx

Татко си го уби синот (13) на спиење: Полицијата се шокира кога ја слушна причината

Семејна трагедија ги потресе сите

Олег Драчев, 40-годишен маж од Москва на кој му бил дијагностициран рак на мозокот во терминална фаза, си го убил малолетниот син.

Причината е бизарна. Сметал дека кога ќе умре, неговата жена нема да може самата да се грижи за нивното 13-годишно дете, пренесуваат руските медиуми.

Му забил нож во градите додека синот спиел во семејниот дом, неколку дена откако лекарите му ја потврдиле дијагнозата.

Според првичните информации, Олег посегнал и по животот на сопругата, но таа успеала да се заклучи во тоалетот и да ја повика полицијата.

Роднините и соседите се во шок, велејќи дека ги познавале како среќно семејство. Олег работел како инжинер за дизајн и секое слободно време го поминувал со синот.

„Заедно одеа на планинарење и на пливање, заедно ја направија и куќичката за нивното куче“, раскажуваат соседите.

По приведувањето, Олег го признал делото. Тој, исто така, навел дека не гледал решение како неговата жена ќе ја отплаќа хипотеката и како ќе се грижи самата за синот.

Моментално се наоѓа во психијатриската болница во Москва под силно полициско обезбедување.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагичен крај: Горан, Гордана и Лидија убиени, па запалени

Трагично заврши потрагата по семејството Ѓокиќ од Алексинац кое исчезна пред шест дена. Денеска во претпладневните часови полицијата го пронајде нивниот автомобил запален, а по некое време се пронајдени и телата за кои форензичарите потврдија дека се таткото Горан (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25). Првичната истрага покажала […]