fbpx

Д-р Стојановиќ за новите симптоми на корона: Внимавајте на ова!

Вирусот повторно мутираше

Д-р Александар Стојановиќ, директор на српскиот здравствен дом „Д-р Милутин Ивковиќ“, денеска предупреди дека коронавирусот мутирал и дека уште еден симптом може да биде индикатор за болеста.

Тој за утринската програма на телевизија Прва изјави дека и стомачните тегоби можат да бидат сериозен аларм за Ковид-19.

„Вирусот повторно мутираше. Луѓето кои во текот на јули, август и септември доаѓаа од летување, претежно од Црна Гора, имаа проблем со дигестивниот систем. Многу пациенти кои во последните десет дена кои се јавија на лекар со мачнини и дехидратација се покажа дека се позитивни на корона“, појаснува д-р Стојановиќ.

Тој апелира сите што ќе се посомневаат дека имаат стомачен вирус, да не чекаат два-три дена дома истиот да им помине, туку веднаш да се јават во ковид-одделенијата.

Д-р Стојановиќ, исто така, нагласи, дека дури 90 отсто од овие луѓе кои биле позитивни на вирусот се невакцинирани граѓани.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Данијела е минато: Грашо љуби 14 години помлада девојка

Популарниот пејач и автор повторно е вљубен, овојпат во бајаги помлада девојка По речиси две и пол децении, регионалните поп-ѕвезди Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо годинава ѝ ставија крај на љубовта. Важеа за една од најскладните двојки на естрадата, па информацијата за нивното разидување разочара многу фанови. Како и да […]