fbpx

Паника по падот на Фејсбук: Еве како да си ги сочувате податоците!

Повеќе од шест часа „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“ беа недостапни за корисниците. Овој глобален проблем внесе забуна кај милиони луѓе кои се плашат поради настанатиот хаос да не останат без драгоцени приватни податоци.

„Фејсбук“ наводно не е хакиран и наводно ниту еден профил не е компромитиран, ниту пак насилно „отворен“.

Сепак, ако сметаат дека податоците на било кој начин им се загрозени, корисниците би требало да ја променат лозинката, да ги избришат телефонските броеви и да ги исклучат сервисите за локација.

Се’ е достапно на Settings менито на Фејсбук-апликацијата. Исто така, без исклучок би требало да користите таканаречена 2FA заштита, односно логирање на мрежата во два чекора-со лозинката и мејлот да ви се активира и потврда за идентификација.

Менаџментот на „Фејсбук“ засега се нема огласено по овие прашања.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Шокантни детали за убиеното семејство Ѓокиќ

Сефот на Горан Ѓокиќ, сопственикот на менувачницата од Алексинац кој беше киднапиран, па брутално убиен и запален со сопругата Гордана и ќерката Лидија, може да биде клучен во решавањето на мистеријата за ликвидацијата на ова семејство. Сефот е пронајден минатата недела за време на претресот на просторијата која ја користеле […]