fbpx

Неочекуван пресврт: Шокантни детали за убиеното семејство Ѓокиќ

Сефот на Горан Ѓокиќ, сопственикот на менувачницата од Алексинац кој беше киднапиран, па брутално убиен и запален со сопругата Гордана и ќерката Лидија, може да биде клучен во решавањето на мистеријата за ликвидацијата на ова семејство.

Сефот е пронајден минатата недела за време на претресот на просторијата која ја користеле Ѓокиќ, но не е отворен веднаш, бидејќи клуч имал само Горан, а полицијата во тие моменти била фокусирана на потрагата на телата на жртвите.

Првичната истрага покажала дека Горан секогаш со себе носел голема сума девизи, неофицијално и до 50.000 евра. Дали парите ги чувал во сефот или, според чаршиските муабети, во резерваната гума на автомобилот, може да биде клучен податок во разрешувањето на трикратното убиство.

Ако полицијата во сефот пронајде поголема сума пари, тогаш поизвесно е дека мотивот за злосторството не е грабеж, туку освета или обид должникот да се ослободи од луѓето на кои им должи пари.

Во сефот би можело да биде пронајден и список со потенцијални должници, што, пак, би можело истрагата да ја однесе во сосема друга насока.

Српската полиција претходно соопшти дека злосторството е „исклучително добро испланирано и дека позади ова стои добро организирана логистика“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тажен ден во домот на Јелена Карлеуша: Нека почива во мир!

Славната пејачка не може да се помири со загубата Јелена Карлеуша ги растажи своите фанови објавувајќи фотографија со нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша. Таа сликата ја стави на „стори“, а во позадина се слушаат стиховите на Дино Мерлин кои никого не оставаат рамнодушен. „Боже, дај ни уште еден ден, една […]