fbpx

На денешен ден се случуваат чуда: Верувајте искрено и направете го ова!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 септември и е голем празник-Зачнување на свети Јован Крстител.

Иако сите христијански празници се со повеќеслојно значење, овој е еден од посебните во тој поглед. Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, Захарија и Елисавета. Го слави и чудото што се зачна плод во утробата на Елисавета. Ја слави и мудроста Божја, бидејќи Јован беше оној што го истапка патот за целосното богојавување во реалната историска личност на Исус Христос. Црквата го слави свети Јован Претеча и Крстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и, како што рековме, почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици.

На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение.

Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Претеча од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите Ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог Кој од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади.

Наместо љубопитност, да Му воздадеме пофалба на Бога, Кој често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во кои оковани ние, без вонредните Божји чуда, би паднале во очајание и богозаборав.

Се верува дека на денешен ден сите родители кои не ги крстиле децата, треба тоа да го сторат или барем да одредат датум за крштевка. Оние кои немаат деца, треба да се помолат и да не губат надеж.

Следни Објави

Беше најпосакувана жена во Југославија: Побегна од војната, па се омажи за политичар (ФОТО)

Во осумдесеттите години на минатиот век, југословенската кинематографија беше незамислива без атрактивната актерка Татјана Тања Пујин. Уште со нејзиното прво појавување на големото платно предизвика огромно внимание, но сепак и покрај популарноста која ја уживаше, одлучи да се повлече од јавниот живот. Публиката најмногу ја памети во филмот „Сулуде године“ […]