fbpx

Беше едно од најпрепознатливите лица на Макфест: Естрадата тагува по Трајче

По кратко боледување почина познатиот новинар Трајче Јованов.

Неговата смрт погоди многумина. Колеги, но и луѓе од естрадата кои засекогаш ќе го паметат како едно од најпрепознатливите лица на „Макфест“. Во прес службата на штипскиот фестивал беше од 1988 година.

Најголемиот дел од својата 40-годишна кариера ја помина во радио Штип. По згаснувањето на оваа станица, продолжи да работи во Angels FM и во телевизија Стар.

„Секогаш имаше медиумски простор за моите планинари, секогаш имаше време за кафе, муабет и зајадливи шеги, кои веќе ми недостигаат. Сме живееле тогаш кога сме оставиле трага на другите животи. Мирно небо, другар!“, напиша Мартин Каровски на „Фејсбук“.

На социјалните мрежи се огласи и новинарот и ТВ-водител Огнен Јаневски.

„Многу тажна информација! Пред две недели се видовме со Трајче, витален и енергичен како и секогаш! Просто, не ми се верува. Соработувавме професионално и се дружевме приватно. Штипското новинарство и фестивалот МакФест ќе тажат по него долго време. Почивај во мир, Трајче и исклучително длабоко сочувство до семејството“, напиша тој.

На неговата големина како човек потсети и актуелниот уметнички директор на Макфест, докажаниот музичар и автор Владимир Дојчиновски.

„Изгубивме човек, пријател, татко, професионалец, макфестовец и што уште не.. Да ти е светол патот пријателе“, напиша Дојчин.

Освен новинарството, голема љубов на Јованов му беше и актерството. Почетоците му се во Драмското студио при Домот на културата во Штип, но тој неуморно аматерски учествуваше во монодрами и претстави практично до последниот здив, потсети ТВ 24.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Синот му сврте грб, заврши во количка: Потресни моменти од животот на Васил Атанасов

Васил Атанасов, македонскиот пејач кој го отпеа фолк-евергринот „Кој не раздели“, почина утрово во Германија. Тажната вест ја потврди неговата сестра Ленка. „Вчера падна во кома откако му откажаа бубрезите и сабајлево во пет часот почина“, напиша таа на социјалните мрежи. Ленка порача дека денес ѝ е најцрниот ден во […]