fbpx

Синот му сврте грб, заврши во количка: Потресни моменти од животот на Васил Атанасов

Васил Атанасов, македонскиот пејач кој го отпеа фолк-евергринот „Кој не раздели“, почина утрово во Германија.

Тажната вест ја потврди неговата сестра Ленка.

„Вчера падна во кома откако му откажаа бубрезите и сабајлево во пет часот почина“, напиша таа на социјалните мрежи.

Ленка порача дека денес ѝ е најцрниот ден во животот, па откри низ каков пекол поминал брат ѝ, особено последната година.

Таа тврди дека Атанасов пред пет години имал жестока расправија со синот Горан кого го интересирале само пари. Наводно тој се откажал и од татковото презиме под влијание на неговата мајка.

„Мојот сакан брат многу страдаше поради тоа и од силен стрес заврши во болница“, раскажува Ленка.

Вели дека поради проблеми со рамнотежата, морал да го оперира вратот. По зафатот се шлогирал, па завршил во инвалидска количка.

„Го негувавме јас и мојата внука Аница. Не го оставивме сам. По трипати одевме во болницата да го храниме, бидејќи самостојно не можеше ниту да јаде, ниту да пие. Последните три недели беше само на супа“, открива Ленка.

Васил по потекло е од Струмица, но долги години живееше и работеше во Германија. Важеше за голем патриот и љубител на македонбскиот фолклор. Неговите колеги велат дека освен по песните, најмногу ќе го паметат по широката насмевка.

„Василе, драг пријателе, беше голем човек прекрасен музичар, голем патриот, голем Македонец.. Нека ти е светол патот до вечноста, засекогаш ќе бидеш во нашите срца“, напиша на „Фејсбук“ пејачот Ѓоко Ѓорчев.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ни почина во раце: Трогателна порака од таткото на Оливер

Во болницата во Кент почина Оливер Стипер, деветмесечното бебе на кое пред шест дена му се слоши во градинка. Од безбедносни причини, британските власти привремено го затворија објектот. Според неофицијални информации, детето во градинката наеднаш почнало да се дави, но не е познато која е причината за овој немил настан. […]