fbpx

Даниел има 43 години и е невин: Сака брак, ама под еден услов!

Никогаш не бил интимен со жена, па основал сајт на која се обидува да ја пронајде љубовта на својот живот

Даниел Пичник, 43-годишен маж од Аделејд, Јужна Австралија, очекува понуди од дами кои ќе го импресионираат, но има еден услов-онаа што ќе ја однесе пред олтар, мора да биде невина како него.

Веб-страницата ја направил уште во 2016 година, а концептот е токму тој, да поврзува луѓе со слични животни сфаќања и да помага во склопување бракови помеѓу личности кои се „безгрешни“.

Иако веќе седум години интензивно работи, за жал, тој се’ уште ја нема пронајдено својата сродна душа.

„Посакувам жена која го поминала животот фокусирана на кариерата и која интимно се чувала за подоцна кога ќе дојде вистинското време“, вели Даниел.

Свесен е дека тоа што го бара е речиси невозможна мисија, но нагласува дека неговите барања се навистина скромни.

Вели дека му е важно да се на иста фрекфенција во сите сфери на животот. Посакува жената да биде образувана и добро информирана, особено за филозофија и за книжевност. Се разбира, неопходно е претходно да не спиела со ниту еден маж.

Повеќето кои се запознаени со неговиот случај, не се согласуваат со ваквиот начин на живот и го исмејуваат, но има и такви кои го поддржуваат.

„Ја запознав мојата сегашна сопруга на 30 години. Ми беше прва, но и последна жена во животот. Во брак сме повеќе од една деценија. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет“, е е ден од охрабрувачките коментари на неговиот сајт.

Следни Објави

Прво интервју на Славица по победата: Една работа ги збуни сите (ВИДЕО)

Нашата Славица Ангелова го даде своето прво интервју откако синоќа триумфираше во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“. Младата струмичанка, меѓу другото, проговори и за односот со нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид. „Поминавме многу моменти, и добри и лоши. Имаше ситуации кога не се согласувавме. Еднаш ме искритикува затоа што погрешив […]