fbpx

Добредојде Вероника: Вакво бебе се раѓа еднаш во 625 милиони случаи

Лекарите се во шок!

На Сибир се роди уникатно бебе. Станува збор за женско дете зачнато по природен пат.

Девојчето го крстиле Вероника, име кое значи „таа што ја носи победата“, што комплетно го заслужила, пренесуваат тамошните медиуми.

Мајката (31) која сакала да остане анонимна, е бегалка од Украина која за време на бременоста ниту еднаш не отишла на доктор.

Сепак, нејзиното бебе е посебно, едно во 625 милиони случаи кое успеало да преживее абдоминална бременост, во својот воденик, вонматерично. Освен Вероника, досега во светот се забележани само 12 вакви случаи.

Родителите на малечката Вероника прво се одлучиле за пораѓање во домашни услови.

„На почеток се’ беше како што треба. Чувствуваше се’ појаки и се’ почести контракции, се подготви за раѓање, а потоа тие нагло престанаа. Тогаш одлучија да побрзаат во болница каде ја оперира тим од десет лекари. Зафатот беше сложен и многу ризичен, но на крајот тие две победија“, раскажува блиска роднина на мајката.

Илустрација: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Наместо за лекување на детето, парите ги трошела за себе: Која е мајката на починатата Лана?

Во Хрватска е поднесено обвинение против 34-годишна мајка поради основано сомнение дека детето не го носела на лекар, па истото починало. Во хуманитарна акција собирала и пари, но од речиси 130 илјади евра уплатени исклучиво за лекување на детето, дури 55 илјади евра потрошила за лични потреби. Станува збор за […]