fbpx

Знам како живееја: Проговори другар на брутално убиената Лидија

Се’ уште не стивнуваат реакциите во регионот по ликвидацијата на семејството Ѓокиќ од Алексинац

За 25-годишната Лидија Ѓокиќ, девојката која беше киднапирана, па брутално убиена со татка си Горан (58) и мајка ѝ Гордана (57), нејзините пријатели и познајници имаат само убави зборови.

Сега се огласи нејзин близок колега од факултет кој раскажа детали од животот на трагично загинатата девојка.

„Беше многу добра, паметна, секогаш насмеана, душа од човек. Продолживме да другаруваме и по дипломирањето во Лесковац. Нејзините родители ги запознав еднаш, многу пријатни луѓе. Знам дека живееја убаво, не ни сонував дека вакво нешто може да се случи. Знев дека татко ѝ имаше менувачница и дека му оди работата. Лидија во една прилика ми кажа дека ќе се вклучи во семејниот бизнис“, открива С.Ж.

И други што ја познавале велат дека била „златно дете“ и „ангел“.

„Само што почна да живее. Немаше момче и беше многу поврзана со семејството. Се прашувам кој е тој монструм кој можел да пука во ваква невина девојка“, коментира низ солзи сосетка на семејството Ѓокиќ.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Наместо за лекување на детето, парите ги трошела за себе: Која е мајката на починатата Лана?

Во Хрватска е поднесено обвинение против 34-годишна мајка поради основано сомнение дека детето не го носела на лекар, па истото починало. Во хуманитарна акција собирала и пари, но од речиси 130 илјади евра уплатени исклучиво за лекување на детето, дури 55 илјади евра потрошила за лични потреби. Станува збор за […]