fbpx

Јас богата, а тој вози југо: Раскинала со момчето оти било сиромашно, па длабоко се покајала

Оваа девојка го обожавала својот партнер, но тешко се носела со критиките на пријателите

Анонимна девојка која пораснала во изобилие одлучи јавно да ја сподели својата љубовна приказна за да им покаже на луѓето дека материјалните работи не се пресудни за среќен живот.

„Богата сум. Можам да си приуштам се’ што ќе посакам. На 24 години се вљубив во момче кое припаѓа на просечна фамилија, вози стар автомобил, но е преубав, интелигентен, најдобар студент на медицина“, ја започнува својата исповед таа.

Вели дека просто го обожавала, но дека многу тешко се носела со критиките на пријателите кои постојано го исмејувале.

„Почнаа да го нарекуваат „југо бој“ бидејќи го возеше југото на дедо му. Се срамев кога ќе излезев со него, едноставно суетата ги победи емоциите“, продолжува таа.

Го оставила со објаснување дека не припаѓаат на иста класа, дека неа ѝ треба некој имотен што би одговорил на нејзините потреби.

„Па, затоа сите ми се десетки и давам се’ од себе еден ден кога ќе се оженам да можам да му овозможам на моето семејство се’ што е неопходно. Но, џабе е сето тоа, ако нема љубов“, ѝ одговорило момчето.

Речиси во истиот миг, таа сфатила дека направила голема грешка.

„Таа вечер сфатив дека џабе ми е се’ што имам кога него го изгубив. Се борев да се смириме, но не сакаше. Сега има жена, работи во Чикаго како кардиохирург и има едногодишно дете. А јас сум пропадната богаташка која живее на грбот на родителите. Се’ уште го сакам“, заклучува оваа девојка.

Фото: Википедија/Мр.Чоперс/Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ти не почина, само се скри во моето срце: Трогателна порака за малиот Деспот

Беше храбро и насмеано момче кое се бореше како лав до последен здив Потресна порака на „Фејсбук“ објави семејството на прерано починатиот Деспот Лазиќ кој на денешен ден пред две години почина од ретко заболување. „Ти не умре, децата не умираат. Ти само се скри во моето срце“, стои во […]