fbpx

Наместо за лекување на детето, парите ги трошела за себе: Која е мајката на починатата Лана?

Во Хрватска е поднесено обвинение против 34-годишна мајка поради основано сомнение дека детето не го носела на лекар, па истото починало.

Во хуманитарна акција собирала и пари, но од речиси 130 илјади евра уплатени исклучиво за лекување на детето, дури 55 илјади евра потрошила за лични потреби.

Станува збор за случај кој веќе во неколку наврати ја шокираше јавноста. Во 2008 година на Лана, тогаш десетгодишно девојче, ѝ е дијагностициран рак на коските. Десетина дена подоцна, нејзината мајка и неколку хуманитарци на „Фејсбук“ отворија страница за помош во лекувањето, а апелите добија и силно медиумско внимание. Во акцијата се вклучија бројни познати личности и средствата бргу се собраа, пишуваат хрватските медиуми.

Парите наводно се собирале за лекување во Турција или Германија, иако се покажало дека истото го покрива здравственото осигурување. Мајката собирала донации, но не соработувала со лекарите. Одбивала нејзиното дете да продолжи со хемотерапијата, тврдејќи дека нема никаков ефект од истата.

„Хемотерапијата, според мене, кај некого успева, но кај поголемиот дел пациенти-не. Јас и понатаму тврдам дека тоа не е лекот. Составот кој го има, тоа не е лек“, раскажа мајката во една прилика.

Се огласи и поранешниот партнер на мајката кој призна дека таа ги злоупотребила средствата кои ги собирала за своето чедо. Тој им откри на медиумите дека таа има три деца од три различни партнери од кои добивала соодветна помош, но дека при секоја потенцијална донација нагласувала дека е самохрана мајка.

По четири циклуси на зрачење, мајката и детето заминале во Германија. Ниту таму не ја носела редовно на лекар. Правна помош од институциите побарал и таткото на девојчето кој сакал да биде вклучен во лекувањето, но додека чекал пресуда, ракот метастазирал и неговата ќерка починала по неколку месеци во 2019 година.

Мајката на која во меѓувреме ѝ е одземено старателството на другите деца, е обвинета дека и покрај тоа што во повеќе наврати била информирана од докторот за природата на болеста и за можните штетни последици од нелекувањето, свесна за нејзините постапки за здравјето и животот на детето и согласувајќи се со сите последици, таа одбила да го однесе детето на лекар и да биде подложено на понатамошни терапевтски процедури и третман. Тоа довело до нагло влошување на болеста и детето починало.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ти не почина, само се скри во моето срце: Трогателна порака за малиот Деспот

Беше храбро и насмеано момче кое се бореше како лав до последен здив Потресна порака на „Фејсбук“ објави семејството на прерано починатиот Деспот Лазиќ кој почина од ретко заболување. „Ти не умре, децата не умираат. Ти само се скри во моето срце“, стои во посветата под фотографијата од „детето-пеперутка“ како […]