fbpx

Ти не почина, само се скри во моето срце: Трогателна порака за малиот Деспот

Беше храбро и насмеано момче кое се бореше како лав до последен здив

Потресна порака на „Фејсбук“ објави семејството на прерано починатиот Деспот Лазиќ кој почина од ретко заболување.

„Ти не умре, децата не умираат. Ти само се скри во моето срце“, стои во посветата под фотографијата од „детето-пеперутка“ како што го нарекуваа.

Деспот беше храбро и насмеано момче кое со исклучително тешката болест се бореше како лав. За жал, пред две години ја загуби битката и почина на 12-годишна возраст.

На Деспот му беше дијагностицирана булозна епидемолиза, ретка болест која предизвикува големи, болни и крвави рани. Кога една ќе се смири, се појавува друга на друг дел од телото, секаде каде што има кожа. Во внатрешноста на органите се појавуваат пликови, па момчето мораше да јаде само кашеста храна. Болеста не дозволува правилна функција на прстите, па тие му се спија и на рацете и на нозете.

И покрај тешките предизвици, Деспот си играше и излегуваше надвор и цело време и пркосеше на болеста. Најголема желба му беше еден ден да тргне на училиште како и сите негови врсници, а клубот Партизан за кој навиваше му подари црно-бел дрес.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Со години се бореше да стане мајка: Детали за смртта на Јулија

Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на легендарната ракометарка Јулија Портјанко Николиќ. Поранешната македонска репрезентативка почина ненадејно на 38-годишна возраст, а според првичните информации причината е срцев удар. „Доцна синоќа се случило. Сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години […]