fbpx

Мајка на четири деца: Која е сопругата на Александар Маленко?

Не му може никој ништо, појак е од судбината.. Овој стих од легендарниот рефрен на Митар Мириќ беше еден од највпечатливите коментари на социјалните мрежи кога поранешниот македонски пливач Александар Маленко обелодени дека повторно се оженил.

Маленко по петти пат се заколна на вечна љубов, овојпат со негова колешка, поранешната словенечка пливачка Метка Спаравец.

Очигледно двојката се познава уште од Летните олимписки игри во Атланта каде што и двајцата се натпреваруваа, откако Маленко напиша дека по 26 години кажале „ДА“.

Метка има 42 години и е родена во Марибор. Во 1999 година беше прогласена за спортистка на годината во својата земја. Нејзиниот профил на „Инстаграм“ е затворен за јавноста, но стои напишано дека е мајка на четири деца, тренер по пливање и фитнес-тренер и дека црно-белата е нејзина боја.

Александар Маленко од претходните четири брака има пет деца. Од бракот со водителката и пејачка Сузана Турунџиева ја има единствената ќерка Лора. Со актерката и поранешна директорка на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ, го има синот Ахил. По третпат се ожени со Русинката Татјана Михајловна Фјодорова и со неа има син. Два сина има и со последната сопруга која воопшто не ја експонираше во јавноста.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

 

Следни Објави

Амал Клуни лесно ќе ја ископирате: Еве како!

Амал Клуни е адвокат, филантроп, професор, сопруга и мајка, но како и тоа да не е доволно, па таа е и модна икона. Вака светските критичари ја опишуваат сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни. Со нејзините стајлинзи ги инспирира дамите ширум светот, без разлика дали е во прашање секојдневен или […]