fbpx

Со години се бореше да стане мајка: Детали за смртта на Јулија

Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на легендарната ракометарка Јулија Портјанко Николиќ.

Поранешната македонска репрезентативка почина ненадејно на 38-годишна возраст, а според првичните информации причината е срцев удар.

„Доцна синоќа се случило. Сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години се бореше да стане мајка, не го дочека тоа за жал. Претешки се овие моменти за сите нас, кои ја знаевме нејзе и нејзината големина“, раскажуваат нејзини блиски за „Фокус“.

И нејзините поранешни соиграчки се неутешни по страшната вест која ја слушнаа ова утро.

„Почина моја драга колешка од ракометните кругови, од Кометал и репрезентација.. Почина нашата Јулија. Нека ти е лесна земјата. Беше многу силна“, напиша Елена Златановска-Муратовска.

Беше борец на терен, сега се бори за своето дете: Будимир проговори за синот со попреченост

Портјанко ја заврши играчката кариера во 2015 година во дресот на Вардар. Во Македонија стигна во 2003 година од Украина. Шест години играше за Кометал Ѓорче Петров, потоа во Турција, Франција и во Русија пред да се врати во Вардар во 2013 година.

Додека играше за Кометал, доби македонско државјанство и заигра за репрезентацијата. Почина во Скопје каде остана да живее.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Мајка на четири деца: Која е сопругата на Александар Маленко?

Не му може никој ништо, појак е од судбината.. Овој стих од легендарниот рефрен на Митар Мириќ беше еден од највпечатливите коментари на социјалните мрежи кога поранешниот македонски пливач Александар Маленко обелодени дека повторно се оженил. Маленко по петти пат се заколна на вечна љубов, овојпат со негова колешка, поранешната […]