fbpx

Секој ден мислам на него: Проговори вонбрачната ќерка на Аркан

Софија Ражњатовиќ (41), вонбрачната ќерка на Жељко Ражњатовиќ, неодамна призна дека Аркан засекогаш ќе живее во нејзиното срце и дека многу ѝ недостасува.

Таа денес живее во Брисел, а првпат го видела татка си на телевизија кога стана светски познат во 1991 година.

Нејзината мајка била социјална работничка за која Аркан се грижел во белгискиот затвор.

– Постојано мислам на него. Оваа година бев спречена да присуствувам на поменот поради целата ситуација со пандемијата. Се надевам дека моето семејство е добро, дека се’ е во најдобар ред и дека го пронашле својот мир после сите овие години. Поминаа повеќе од две децении и време е да продолжиме со нашите животи. На сите им посакувам среќа и успех, а мојот татко ќе продолжи да живее во нашите срца – напиша таа на социјалните мрежи спомнувајќи го и нејзиното семејство во Белград.

Софија е едно од деветте деца на Аркан кои ги доби со пет различни жени. За неговите наследници, прочитајте ТУКА!

Следни Објави

Солзи за младата Милица: За 20 дена и мајка и ќерка починаа од корона

„Болка до небо“, „Трагедија“, „Ах, каква судбина“ се само дел од коментарите на „Фејсбук“ за семејната трагедија што го потресе регионот Не стивнуваат реакциите по смртта на 19-годишната Милица Никиќ од Никшиќ, најмладата жртва на коронавирусот во Црна Гора. Пред само 20 дена од последици на Ковид-19 се упокои и […]