fbpx

Солзи за младата Милица: За 20 дена и мајка и ќерка починаа од корона

„Болка до небо“, „Трагедија“, „Ах, каква судбина“ се само дел од коментарите на „Фејсбук“ за семејната трагедија што го потресе регионот

Не стивнуваат реакциите по смртта на 19-годишната Милица Никиќ од Никшиќ, најмладата жртва на коронавирусот во Црна Гора.

Пред само 20 дена од последици на Ковид-19 се упокои и нејзината мајка. За трагедијата да биде уште поголема, починат е и татко ѝ, па сега нејзиниот малолетен брат Веселин остана сам.

Оваа тажна приказна оддекна на социјалните мрежи во регионот.

„Го познавам семејството и знам дека беше многу религиозно. Сега црквата му е најпотребна на детето кое остана сираче. Сите луѓе со добра волја да му помогнат на ова момче, да се најде фамилија која ќе се грижи за него. Живееја сиромашно, но барем се имаа еден со друг. Што сега? Да останеме соседи, сограѓани, браќа и сестри на Христа“, напиша еден од семејните пријатели на Никиќ.

И други апелираат дека сега е најпотребно да покажеме дека сме луѓе, да покажеме дека сме тука за послабите кога најмногу сме им потребни.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вечерва ќе играм за тебе: Трогателни зборови за Марко

Нова трагедија го потресе регионот На 49-годишна возраст од коронавирус почина познатиот актер Марко Живиќ. Глумецот кој во 2008 година се бореше со канцер, бил хоспитализиран пред десетина дена, а откако состојбата нагло му се влошила бил приклучен на респиратор, информираат српските медиуми. Од својот близок колега со трогателни зборови […]