fbpx

Спиј, ќе те сакам засекогаш: Маријана со потресни зборови за починатата Ана

Ненадејно почина Ана Булатовиќ, ќерка на поранешниот генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија и Црна Гора, Бранко Булатовиќ.

Бројни познати личности се простија од неа. Емотивна посвета на социјалните мрежи сподели и актерката и водителка на шоуто „Пинкови ѕвездички“, Маријана Мичиќ.

„Анчи моја. Спиј. Те гушкам, те бакнувам, ќе те сакам засекогаш“, напиша таа објавувајќи нивна заедничка фотографија.

Маријана и Ана беа блиски другарки и нивното пријателство датира од основно.

Ана последните години работеше како шминкерка и често беше ангажирана за снимања на филмови и на серии, јавуваат српските медиуми.

Неофицијално, причината за смртта е срцев удар.

Нејзиниот татко Бранко Бата Булатовиќ беше убиен на 24 март 2004 година пред просториите на Фудбалскиот сојуз на Србија. Имаше 54 години. Случајот се’ уште не е расчистен.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше во брак со Мис на Југославија, па се вљуби во 23 години помлада: Животот на Сања Илиќ

Познатиот музичар Александар Сања Илиќ (70), основачот на групата „Балканика“, почина на 7 март годинава од последици на Ковид-19. Творештвото на Илиќ беше интересно и за многу македонски фанови, па пред неколку години ја доби и наградата за животно дело на фестивалот „Охрид фест“. Во својата плодна кариера, Илиќ има […]