fbpx

Утре е најголемиот женски празник: Овие обичаи мора да ги почитуваме!

Настанот кој црквата го празнува на 14 октомври се случил во 911 година

Православната црква и нејзините верници на 14 октомври го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица.

Црквата отсекогаш ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род којашто со своите застапнички молитви го смилостивува Бога кон нас грешните.

Помошта на Пресвета Богородица, како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови, се покажала очигледна безброј пати.

Настанот којшто Црквата го споменува и празнува на 14 октомцври го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род.

На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имало сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата била преполна со народ. Во задниот дел стоел свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покривала народот.

Била облечена во златна порфира и целата блескала во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажал со рака на блажениот Епифаниј и го прашал: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговорил: „Ја гледам и се восхитувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

Инаку, овој ден се слави и како Женски празник. Многу жени постат претходните денови за да се причестат на овој празник. Жените го слават овој ден за полесно да раѓаат и успешно да ги извадат децата на вистинскиот пат. Оние коишто немаат деца се молат на овој ден на Пресвета Богородица за да добијат потомство.

Следни Објави

Спиј, ќе те сакам засекогаш: Маријана со потресни зборови за починатата Ана

Ненадејно почина Ана Булатовиќ, ќерка на поранешниот генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија и Црна Гора, Бранко Булатовиќ. Бројни познати личности се простија од неа. Емотивна посвета на социјалните мрежи сподели и актерката и водителка на шоуто „Пинкови ѕвездички“, Маријана Мичиќ. „Анчи моја. Спиј. Те гушкам, те бакнувам, ќе […]