fbpx

Неочекуван пресврт: Оваа жена одработувала за Беливук

Триесетдневен притвор доби Дијана Хркаловиќ која денеска беше приведена поради наводна инволвираност во криминалите на Вељко Беливук.

Поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи се терети дека прикривала докази по убиството на каратистот Властимир Милошевиќ кој беше застрелан на трамвајска пруга во јануари 2019 година.

За тоа убиство прво беше осомничен извиканиот Веља Невоља, но до крајот на истрагата, поради недостаток на докази, беше обвинет само за помагање, за по судењето волшебно да биде ослободен, информираат српските медиуми.

Естрадата на платен список кај Веља Невоља: Еве со кои ѕвезди го поврзуваат!

Беливук и дваесет негови блиски соработници беа уапсени во февруари годинава, а се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Фото: Пинк.рс

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Скршени сме: Трагедија во Хрватска, почина познатиот музичар

Уште една тажна вест од светот на естрадата Не стивнуваат реакциите по смртта на басистот и гитаристот на познатиот хрватски состав „Вигор“, 52-годишниот Жарко Мариновиќ Жаре, кој почина од последици на Ковид-19. Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и фронтменот на бендот, Марио Рот, кој се прости од својот […]