fbpx

Беспарица, лекување во Прилеп: Детали од животот на Тоше Проески

Зар некој може да те замени..

Со извадоци од книгата „Ова не е крај“ потпишана од новинарката Соња Алексоска Неделковска, „Женски магазин“ минатата година се сети на Тоше, токму на годишнината од трагичниот настан во кој легендарниот македонски пејач го загуби животот.

Во книгата, меѓу другото, е раскажано за беспарицата во семејството Проески, за страбизмот на малиот Тоше и за лекувањето во Прилеп..

„Носеше очила и беше многу дисциплиниран. Три години секој ден го носевме во Прилеп на вежби за видот. Имавме пари само за автобуска карта во два правца. Еден ден, пред да одат на вежби влегле со мајка ми во продавница. Пред нив еден човек си купувал вакумирани кикиритки. Тоше ја прашал мајка ми: „Дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики“, откри неговата сестра Дора.

Проески загина во сообраќајка на 16-ти октомври. И по 14 години од трагедијата, детали од неговиот приватен живот не престануваат да ја интригираат јавноста. Една негова реченица која ја изговори непосредно пред смртта, остана врежана во нашите срца.

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, им порача Тоше на обожавателите.

НА ИСТАТА ТЕМА: Оваа жена Тоше ја сакаше најмногу: Долго ги чуваше нејзините пораки

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Кога овие два знака ќе се спојат, љубов се раѓа за цел живот!

Кога личностите од овие два знака ќе се запознаат, меѓу нив веднаш се создава хемија. Нивната компатибилност е најсилна во хороскопот, моментално им се јавуваат силни емоции чиј интензитет низ годините воопшто не се намалува. Станува збор за Бик и за Шкорпија. Шкорпиите обожаваат што околу Биковите треба поприлично да […]